„Во рамки на оваа програма, преку Центарот за развој на Источниот плански регион, опфатена е и Општина Зрновци со проект за подобрување на условите во образованието. Станува збор за доградба и реконструкција на ОУ ‘Синиша Стоилов’, со што значително ќе се унапредат просторните услови за учениците и наставниот кадар“, информира градоначалникот Ванчо Митев.
За реализација на овој проект е одобрена сума од 4.600.000 денари.
Со оваа инвестиција од Министерството за локална самоуправа се вложува во подобрување на условите во образовниот процес.






