Агенцијата Ројтерс денес објави фотографија на која се гледа како израелски војник оштетува статуа на Исус во градот Дибел, во Либан.
Ројтерс наведува дека фотографијата е преземена од социјалните мрежи, каде што била објавена вчера.
Британскиот весник Гардијан денес пишува дека израелската војска во неделата соопштила дека ја проверила виралната фотографија на која се гледа војник на Израелските одбранбени сили (ИДФ) како со чекан удира по статуа на Исус во христијанскиот град Дибел.
Гардијан наведува дека на еден официјален профил војската се оградила од тој војник и соопштила дека „ИДФ дејствува на отстранување на терористичката инфраструктура што Хезболах ја воспоставил на југот на Либан“.






