Најголем интерес предизвика одлуката за тоа кои тројца играчи ќе бидат во конкуренција за добитник на најпрестижната индивидуална награда, МВП или Најкорисен играч на лигата. Тоа се Шеј Гилџес Александар, бранител на титулата МВП, како и титулата шампион на НБА со Оклахома Сити Тандер. Втор е Никола Јокиќ од Денвер Нагетс, а трет е Виктор Вембанјама од Сан Антонио Спарс.
Канаѓанецот ја заврши регуларната сезона со просек од 31,1 поен по натпревар, што го прави втор најдобар стрелец во лигата. Тој има 4,3 скока и 6,6 асистенции по натпреварсо 55% шут од игра. Јокиќ, добитник на наградата за најкорисен играч во 2021, 2022 и 2024 година, ја заврши регуларната сезона со трипл дабл просек од 27,7 поени, 12,9 скока и 10,7 асистенции по натпревар. Тој е најдобар во лигата по скока и асистенција. Шутираше со 56,9 проценти. Вембанјама, дебитант на годината во 2024 година, имаше 25 поени, 11,5 скока и 3,1 асистенција по натпревар со 51,2 проценти шут.
За Лука Дончиќ беше шокантно тоа што не е меѓу кандидатите за МВП иако играше брилијантно во својата прва целосна регуларна сезона за Лејкерси. Тој е најдобар стрелец во лигата со 33,5 поени по натпревар, бележеше и 7,7 скока, додека со 8,3 асистенции е трет најдобар додавач во лигата. Покрај тоа, тој е исто така близу до врвот по украдени топки, 1,6 по натпревар. Сепак, сето ова не е доволно за да се влезе меѓу тројцата кандидати за МВП.
The 2025-26 Finalists for Kia NBA Most Valuable Player.
Shai Gilgeous-Alexander
Nikola Jokić
Victor Wembanyama pic.twitter.com/Gy5UcInp6h— NBA (@NBA) April 19, 2026






