Турнирите поминаа во знакот на искрени детски насмевки, огромна љубов кон тенисот, силен спортски дух и извонредна тимска поддршка.
На зелениот турнир во ТК Мондано Скопје, златни беа дечињата од Евросет, тие го освоија првото место, среброто го освои тимот на МТП.
Портокаловиот турнир го освои Југ1, а со сребро си заминаа тенисерчињата од Југ2.
На зелениот турнир во Прилеп победник беше Адвантико, среброто им припадна на децата од ТК Битола.
Портокаловиот турнир во овој град го освои Охрид, а ТК Савески беа сребрени.


















