среда, 29 април 2026

ТФТ го загуби финалето од Широки, но уште постои надеж за АБА

Македонскиот тим ТФТ загуби во финалето на АБА2 лигата и на вториот меч против Широки (86-87), па ќе игра бараж за пласман во јадранската елита.

Фото: ABA

Објавено на

часот

Сподели

Скопскиот состав подобро го отвори натпреварот и по почетната негатива успеа да фати ритам, па по првата четвртина имаше водство од 25-18. Контролата продолжи и во вториот период кога ТФТ стигна и до двоцифрена предност 41-30, но до паузата Широки намали на подносливи 43-35.

Во продолжението босанскиот тим постепено се враќаше во игра и во третата четвртина се доближи на само два поени разлика 61-59. Пресвртот пристигна во последниот период кога Широки го презеде водството, но ТФТ не се предаваше и повторно ја врати предноста, влегувајќи во неизвесна завршница.

Клучниот момент се случи во самите последни секунди кога Димитрик Трајс погоди за минимална предност од 86-87. ТФТ имаше напад за победа, но обидот за три поени не заврши во кошот. Најефикасен кај шампионот беше Трајс со 32 поени, додека кај ТФТ се издвои Дарин Говенс со 23 поени.

За место во елитното натпреварување ТФТ ќе одигра двомеч против Борац Чачак, екипа која беше претпоследна во АБА лигата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ