Првата приказна беше за тепачка меѓу Масимо Алегри и Златан Ибрахимовиќ која се случила во ресторан, тогаш директорот Игли Таре реагирал и ги одвоил двајцата спречувајќи уште посериозен инцидент.
Сега, италијанските медиуми јавуваат за друга шокантна работа, уште почудна од првата. Најголемиот дел од раководните лица сакале Милан да загуби од Каљари во последниот меч од сезона и да не се пласираат во Лигата на шампионите.
Тие тврдат дека кога Салемакерс го постигнал водечкиот гол за Милан на тој натпревар, единствен член на раководството на Милан кој славел на трибините бил Игли Таре.
Изворот наведува дека причина за ова е што другите директори знаеле дека пласманот во Лигата на шампионите ќе го отежни и значително поскапи отказот на Алегри.
Поразот им одговарал за да ја оправдаат чистката во клубот пред навивачите која веќе била испланирана.
Милан го загуби мечот со 1-2, а брзо потоа клубот ги отпушти Алегри, Таре, Фурлани и техничкиот директор Џефри Монкада. Преживеа само Ибрахимовиќ.






