петок, 5 јуни 2026

Танески поднесе оставка, Илиевски ќе ги води младинците на ЕП

Ракометната федерација на Македонија информира за промена на слекторската позиција на ракометната репрезентација до 20 години која ќе игра на Европско првенство.

Објавено на

часот

Сподели

„Ракометната федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по поднесената оставка од селекторската функција на машката младинска репрезентација (М20) од страна на г-дин Наум Танески, за нов селектор на националниот тим е назначен г-дин Игор Илиевски.

Г-дин Илиевски ќе ја предводи машката младинска репрезентација на Македонија на претстојното Европско првенство за играчи до 20 години, кое ќе се одржи во Романија.

Ракометната федерација на Македонија му се заблагодарува на г-дин Наум Танески за неговиот ангажман и придонес во работата со младинската репрезентација, а на г-дин Илиевски му посакува успешна работа и многу успех на претстојното Европско првенство“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ