Во 8:15 часот ќе стартуваат полумаратонот на 21 километар и штафетниот полумаратон, додека трката на 5 километри е закажана за 9:00 часот. Во програмата се вклучени и тим-билдинг трки, како и повеќе придружни спортски и забавни содржини. Организаторите подготвија и фитнес настани, ноќна трка, музичка програма и активности за промоција на културното и природното богатство на Охрид.
Меѓу учесниците и годинава е македонскиот рекордер и олимписки репрезентативец Дарио Ивановски, а организаторите очекуваат јубилејното издание уште еднаш да го потврди статусот на „Охрид трчаТ“ како еден од водечките тркачки настани во регионот.
Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ годинава одбележува десет години постоење. Од локална иницијатива настанот прерасна во меѓународна спортска манифестација која секоја година привлекува илјадници рекреативци и професионални атлетичари од целиот свет.






