Синер водеше со 2-0 и имаше предност од 5-1 во третиот сет, сервираше за да го добие мечот. Но, тогаш му се случи неверојатен колапс. Почна да има грчеви, мачнини, да му се лоши, да има сериозни здравствени проблеми и почна да губи поени како од шега.
Италијанецот побара медицински тајмаут, се повлече на неколку минути за да му биде укажана лекарска помош, се врати на теренот, но не можеше да се освежи, проблемите не поминаа.
Серундоло лесно ги добиваше поените, и на крајот го доби мечот. Синер и покрај се што му се случуваше реши на нозе да заврши, не сакаше да предаде, па дуелот се одигра до крајот.
Овој пораз на Синер следува по 30 победи по ред. Тој важеше за главен фаворит за освојување на Ролан Гарос.






