понеделник, 11 мај 2026

Синер го помина Федерер, пред него е само уште Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер во овој момент, Јаник Синер, без поголеми проблеми се пласираше во осминафиналето на Мастерс турнирот во Рим.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Италијанецот до следната рунда стигна повеќе од рутински, откако во третото коло беше подобар од Алексеј Попирин со 2-0 во сетови и тоа со само два загубени гема (6-2 и 6-0)

Синер на теренот помина само еден час и седум минути, а од самиот почеток целосно го контролираше мечот. Австралиецот во ниту еден момент немаше можност сериозно да му се закани.

Во првиот сет Италијанецот направи два брејка, додека во вториот дури трипати му го одзеде сервисот на противникот и рутински ја искористи првата меч топка.

Со ова Синер стигна до 30-та последователна победа на Мастерс турнирите и го надмина Роџер Федерер, кој имаше серија од 29 победи. Пред него останува само Ѓоковиќ со 31 триумф.

Во борбата за четвртфинале Синер ќе игра против својот сонародник Андреа Пелегрино, кој го елиминираше Френсис Тиафо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ