сабота, 6 јуни 2026

Рикелме се обиде да манипулира со името на Клоп и веднаш доби „студен туш“

Кандидатот за претседател на Реал Мадрид, Енрике Рикелме, повторно доби шлаканица, овојпат за објавата дека ќе тргне по Јирген Клоп.

Објавено на

часот

Сподели

Рикелме прво објави дека ќе го донесе Халанд, по што следуваше демант од неговиот татко, па најава за тужба од Манчестер Сити.

Доцна синоќа тој кажа дека ќе го донесе Јирген Клоп за нов тренер, а сега стигнува демант од таборот на Германецот дека би можел да седне на клупата на Реал Мадрид.

„Здодевно е веќе. Тој не планира да се врати да биде тренер на клуб, среќен е во Ред Бул“, изјави агентот на Клоп за „Скај Спорт Германија“.

Енрике Рикелме очигледно не бира што зборува во претседателската кампања против Флорентино Перез, па со цел да добие гласови кажува атрактивни имиња без воопшто да оствари контакт со нив.

Претседателските избори во Реал Мадрид се утре.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ