Скопскиот тим вечерва во Струмица ја освои 18. титула, откако во решавачкиот натпревар го совлада Наковски Волеј со 1-3 во сетови.
- Во салата „Димитар Влахов“ гостинките одиграа сигурен натпревар и заслужено стигнаа до трофејот. Работнички ги доби првиот, третиот и четвртиот сет со 25-16, 25-27 и 23-25, додека домаќинките беа подобри само во вториот сет кој го добија со 25-20.
Најефикасна кај шампионките беше Тамара Стојанова со 20 поени, Милевска додаде 18, а Баталаковска заврши со 17 поени.
За Работнички ова беше прва победа сезонава на гостувањето кај Наковски Волеј, но дојде во најважниот момент и донесе нов шампионски пехар во витрините на најтрофејниот македонски клуб.






