вторник, 2 јуни 2026

Почина Рик Аделман, легендарниот НБА тренер

На 79-годишна возраст почина легендарниот НБА тренер, Рик Аделман кој остави огромна трага во американската кошарка.

Објавено на

часот

Сподели

Кошаркарскиот свет е во жалост по веста за смртта на Рик Аделман, легендарниот НБА тренер и член на Куќата на славните. Аделман, кој имаше импресивна кариера како играч и тренер, почина на 79-годишна возраст, како што објави Здружението на НБА кошаркарски тренери (NBCA).

Рик Аделман остави неизбришлива трага во НБА лигата со 1.042 победи како главен тренер, што го сместува на десеттото место на вечната листа. Само четворица тренери – Пет Рајли, Грег Попович, Џери Слоун и Џорџ Карл – имаат водено повеќе натпревари со подобар процент на победи. Аделман двапати ги одведе Портланд Трејлблејзерс до НБА финалето, а беше главен тренер и на Сакраменто, Хјустон, Минесота и Голден Стејт.

Посебно беше сакан во ерата на Сакраменто Кингс, каде што соработуваше со српските ѕвезди Владе Дивац и Предраг Стојаковиќ, кои под негово водство блескаа во лигата. Здружението на тренери, кое во 2023 година му ја додели наградата „Чак Дејли“ за животно дело, истакна дека Аделман ќе остане запаметен не само како тренер и играч, туку и како ментор на многумина во кошаркарската заедница.

„Кариерата на Рик Аделман во НБА беше обележана со иновативност, интегритет и извонредност“, изјави Рик Карлајл, тренер на Индијана, при доделувањето на наградата. Аделман играше во НБА од 1969 до 1975 година за пет различни тимови, но својата вистинска страст ја пронајде во тренерската работа. Портланд Трејлблејзерс, каде што играше и работеше како помошник пред да стане главен тренер, го нарекоа „една од највлијателните личности во историјата на франшизата“.

Кингси, Рокетс, Тимбервулвс и Вориорс, сите клубови каде што Аделман остави свој печат, му оддадоа почит, истакнувајќи ја неговата понизност, интегритет, љубезност, посветеност на тимската работа и професионализам. Неговата креативност и досетливост беа особено ценети во текот на неговата богата кариера.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ