Владимир Ѓорчески – Ципа почина во неговиот роден град, Тетово. Тој кариерата ја почна во Југохром од каде по две години се пресели во Работнички и таму остана пет сезони, исто толку настапуваше и за Вардар, а потоа почна да гради интернационална кариера.
Ципа играше во Барселона и грчки Арис. Во финишот од кариерата се врати во Македонија и повторно играше за Вардар и Југохром.
За репрезентацијата на Југославија има одиграно 48 натпревари. По осамостојувањето на Македонија беше прв капитен на машкиот сениорски национален тим, за кој играше пет години.
Ѓорчески попладнево е погребан во Тетово.






