Победа број 100 за Маркез и голем инцидент на Мото ГП трката во Унгарија (ВИДЕО)

Марк Маркез дојде до јубилејната 100. победа и стана само третиот на кој му успеало тоа, трката во Унгарија ја одбележа и голем инцидент кој се случи на почетокот.

часот

По двата триумфа во спринт-трките и победите на главните трки на патеката Балатон Парк, Шпанецот стигна до четири победи во еден викенд. На тој начин Маркез стигна и до неговата 100-та победа во кариерата.

За Маркез ова е прва победа по триумфот во Сан Марино, по пауза од 266 дена. Рекордер по бројот на победи во кралската класа останува Валентино Роси со 89, додека Маркез сега има 74 победи во Мото ГП категоријата.

На второто место заврши Педро Акоста кој од вториот круг до средината на 15-тиот круг беше во водство. Третото место му припадна на Франческо Бањаја.

Почетокот на трката го одбележа тежок инцидент уште во првиот свиок. Хорхе Мартин ја загуби контролата над моторот и ги собори Фермин Алдегер, Марко Безеки, Раул Фернандез и Фабио ди Џанантонио. Само Ди Џанантонио успеа да се врати на патеката и да ја продолжи трката.

Контроверзна беше одлуката на дирекцијата на трката да истакне само жолто знаме, иако делови од моторите беа расфрлани по патеката.

Мартин и Безеки веднаш беа префрлени во медицинскиот центар на дополнителни прегледи кои покажале дека за среќа не се здобиле со скршеници и посериозни повреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ