вторник, 2 јуни 2026

Падна договор: Ливерпул го најде наследникот на Арне Слот

Андони Ираола ќе биде нов тренер на Ливерпул откако двете страни постигнале договор, тој ќе биде наследник на Арне Слот кој неодамна доби отказ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Фабрицио Романо тврди дека Ливерпул и Ираола постигнале договор и шпанскиот стратег ќе биде нов тренер на „црвените“. Ваквата информација наскоро ќе биде и официјално потврдена.

Шпанецот го водеше Борнмут од 2023 година и зад себе остави историска сезона, во која клубот заврши на шестото место во Премиер лигата и обезбеди пласман во Европската лига.

Ливерпул, пак, следната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите, а раководството очигледно верува дека токму Ираола е човекот што треба да го врати тимот во борба за трофеите.

Ираола тренерската кариера ја почна на клупата на кипарски АЕЛ во 2018 година, а има работено уште во Мирандес и Рајо Валјекано. Тој е играчка легенда на Атлетик Билбао, за кој во периодот од 2003 до 2015 година одигра 406 меча и постигна 33 голови.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ