понеделник, 20 јули 2026

Отаменди до Родри: Будало, помалку зборувај“ (ВИДЕО)

Финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина не заврши само со прославата на новите светски шампиони, туку и со жестока расправија на теренот по последниот судиски свиреж.

Објавено на

часот

Сподели

Во центарот на вниманието се најдоа Николас Отаменди и Родри. Додека капитенот на Шпанија им честиташе на аргентинските репрезентативци по победата од 1-0, искусниот дефанзивец на „гаучосите“ му упати остри зборови.

Помалку зборувај, будало. Цела седмица плачевте. Ти и Лапорт, двајцата. Тоа не се прави. Постојано им се жалевте на новинарите за судиите“, му порача Отаменди на шпанскиот репрезентативец.

Шпанскиот капитен не влезе во понатамошна расправија и се оддалечи без дополнителен коментар. Причина за реакцијата на Отаменди најверојатно биле изјавите на Ајмерик Лапорт во деновите пред финалето, кога шпанскиот дефанзивец јавно зборуваше за судењето, нешто што очигледно не им се допаднало на аргентинските фудбалери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ