24 годишниот лев бек пристигнува од шампионот на Србија, Партизан и потпиша договор за следната натпреварувачка сезона. Зечевиќ по потписот изрази големо задоволство што ќе го носи дресот на охридскиот клуб.
„Многу сум среќен и со нетрпение го очекувам мојот прв настап во дресот на Охрид. Не ми беше тешко да ја донесам оваа одлука и да ставам потпис со клубот, со оглед на големите амбиции на клубот кој расте од ден на ден на чело со тренерот Ројевиќ, кого го познавам долги години. Едвај чекам да заиграм пред охридската публика која прави неверојатна атмосфера и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата на сите луѓе во клубот и секако на навивачите и убеден сум дека заедно ќе ги исполниме зацртаните цели“, изјави Зечевиќ.
Пред него, Охрид веќе ги договори Мартин Карапалевски, Дино Славниќ и Доминик Мате.






