недела, 24 мај 2026

Марсеј го посакува нашиот Столе Димитриевски

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски има сериозна можност да ја промени средината и тоа да брани за легендарниот француски клуб, Марсеј.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Димитриевски брани во фантастична форма откако доби шанса да застане како прв голман меѓу стативите на Валенсија. Неговиот договор со шпанскиот клуб истекува ова лето, но има и клаузула за продолжување до 2028 година.

И покрај тоа што сега Димитриевски царува на голот на Валенсија, овој клуб на почетокот од сезоната не покажа доверба во Македонецот и донесе голман на позајмица од Билбао, Хулен Агирезабала. Нашиот голман чекаше тој да се повреди, за да добие шанса и да покаже што знае.

Можеби тој однос на Валенсија ќе биде пресуден за Димитриевски да си замине од клубот и да не ја искористи можноста да продолжи на Местаља.

Олимпик Марсеј кој е поранешен европски шампион, заврши на петтата позиција во француското првенство и наредната сезона ќе игра во Лига Европа, Валенсија не успеа да избори место во Европа.

Не е исклучена можноста и други екипи покрај Валенсија и Марсеј да го сакаат потписот на нашиот голман со оглед на тоа што тој е слободен играч.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ