сабота, 6 јуни 2026

Марк Маркез со голем камбек до пол-позиција на Големата награда на Унгарија

И покрај неодамнешната повреда, Марк Маркез покажа неверојатна издржливост и вештина, освојувајќи ја пол-позицијата на патеката „Балатон“ за Големата награда на Унгарија.

Објавено на

часот

Сподели

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез, возач на Дукати, приреди вистинско изненадување на квалификациите за Големата награда на Унгарија, освојувајќи ја пол-позицијата и покрај проблемите на почетокот на Q2.

На самиот старт на вториот дел од квалификациите, тандемот на Дукати, составен од Маркез и Фабио ди Џанантонио, излета од патеката, што навести тежок ден за нив. Сепак, Маркез покажа зошто е еден од најголемите во овој спорт. Тој успеа да се врати на патеката и да постави најбрзо време од 1:36.785, оставајќи го зад себе Педро Акоста за само 53 стотинки, кој претходно се истакна на тренинзите.

Овој подвиг е уште поимпресивен ако се земе предвид дека Маркез пред помалку од еден месец го скрши стапалото и имаше операција на рамото по спринт трката во Ле Ман. Малкумина очекуваа дека толку брзо ќе се врати во врвна форма и ќе ја освои својата 76. пол-позиција во кариерата.

Зад Маркез беше Педро Акоста со време од 1:36.838, на третото место се најде Фермин Алдегвер со време од 1:37.125, додека Ди Џанантонио, и покрај лошиот старт, успеа да се пласира на четвртата позиција со 1:37.232. Лидерот во генералниот пласман, Марко Бецеки, заврши на шестото место, додека Хорхе Мартин ја освои осмата позиција.

Спринт трката е закажана за денеска во 15 часот, додека главната трка ќе се вози утре во 14 часот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ