По ремито со Босна и Херцеговина и поразот од Турција нашата репрезентација загуби ФИФА поени. Сега до септември на контото ќе има 1.369,16 бода и падна на 69. позиција.
Промената на бодовите значи и пад од две позиции на светската ранг листа, каде што пред нашата селекција се пробија Обединетите Арапски Емирати и Кабо Верде.
На самиот врв дојде до промена, откако актуелниот светски шампион Аргентина се искачи на првата позиција. Шпанија останува веднаш зад „гаучосите“, додека Франција назадуваше за две места. Меѓу десетте најдобро рангирани репрезентации се уште се Англија, Португалија, Бразил, Мароко, Холандија, Белгија и Германија.






