Македонија сигурно слави во Словачка и веќе гледа кон нов Мундијал

Македонската ракометна репрезентација направи огромен чекор кон пласман на Светското првенство, откако убедливо славеше на гостувањето кај Словачка со 24-31(13-18) во првиот бараж натпревар во Прешов.

Фото: Ракометна федерација на Македонија

часот

Избраниците на Кирил Лазаров не го отворија најдобро мечот и имаа проблеми во нападот во воведните минути. Словачка знаеше да го искористи тоа и по негативата од 0-2 успеа да направи пресврт за 3-2, а во продолжението се водеше израмнета битка. Домаќинот беше конкурентен благодарение на добрата игра во одбраната и неколкуте важни интервенции на голманот.

Сепак, Македонија го скрши отпорот во финишот од првиот дел. Со подобра реализација и далеку посигурна игра во нападот, нашите ракометари почнаа да ја прават разликата, а предноста постепено растеше. Откако се консолидиравме во целост до паузата веќе стекнавме убедливи 13-18.

Во второто полувреме македонската селекција целосно го контролираше натпреварот и не дозволи никаква неизвесност. Разликата во еден момент достигна и седум гола, а Словачка немаше одговор за расположениот напад на Македонија.

Филип Кузмановски беше лидер на теренот со десет погодоци, Милан Лазаревски додаде седум, а важен придонес имаше и голманот Мартин Томовски со 13 интервенции во клучните моменти.

Реванш натпреварот се игра в недела во СЦ „Борис Трајковски“ во терминот од 19:00 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ