Последниот пораз Македонија го има доживеано на 10 јуни на гостински терен кај Чешка со 1-0.
Оттогаш помина една година и момците на Милевски редат само успеси.
Имаме неверојатна серија од десет натпревари без загубен меч, во неа победивме дури седумпати, а само три меча завршија нерешено.
Следниот меч на Македонија е дури на седми септември, домаќини сме на Лихтенштајн, па јасно е дека треба да се случи чудо за тие да бидат селекцијата која ќе ни ја прекине оваа бајковита низа.
Последните десет меча на Македонија:
Казахстан – Македонија 0-1
Македонија – Белгија 1-1
Македонија – Велс 1-1
Лихтенштајн – Македонија 0-3
Македонија – Фарски Острови 1-0
Македонија – Летонија 1-0
Ерменија – Македонија 0-2
Летонија – Македонија 0-3
Македонија – Ерменија 2-0
Фарски Острови – Македонија 1-1
Фото: Роберт Атанасовски