„Кралот“ ја игра својата 23. сезона во најсилната кошаркарска лига на светот. На прашањето за неговата иднина, Леброн кажа дека не е сигурен што ќе донесе новата сезона.
„Сакам само да живеам. Кога ќе бидам сигурен, ќе ви го споделам одговорот. Во моментов не знам дали ќе играм и следната сезона“, прокоментира Џејмс.
Леброн веќе има 41 година, ја работи последната година од договорот со Лејкерси, а непознато е дали ќе се договори за продолжување на соработката.






