Шампионот тргна моќно во новата сезона, Милвоки одигра убедлив натпревар и дојде до лесна победа над Бруклин. Домаќините водеа во текот на целиот меч, а разликата од 23 која беше на крајот беше и најголемото водство.
Адетокумбо со 32 поени, 14 скока и 7 асистенции беше најдобар на теренот, во составот на Бруклин 32 поени постигна Дурент, имаше и 11 скока, Харден реализираше 20.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=x-jz5i990ik autoplay:0]
Лос Анџелес Лејкерс лошо отвори, со пораз од Голден стејт на свој терен. Имаа водство, но го загубија во последната четвртина која Кари и соиграчите ја добија со 38-29, го свртеа мечот и на крајот победија со 121-114.
Леброн Џејмс и Ентони Дејвис беа на висина на задачата, имаа одлични партии, но остатокот од тимот потфрли. Леброн постигна 34 поени, имаше и 11 скокови, Дејвис исто така имаше 11 скокови, постигна 33 поени, но следниот најефикасен кај Лејкерс беше Кармело Ентони со само 9 поени, Вестбрук постигна 8. Во составот на Голдеј стејт, Стеф Кари имаше трипл-дабл учинок со 21 поен, 10 скокови и 10 асистенции.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=Jc4_0Rq4TD0 autoplay:0]
Резултати:
Милвоки – Бруклин 127:104
ЛА Лејкерс – Голден стејт 114:121






