Австралија никако да слави против САД на Олимписките игри, утрово, „кенгурите“ имаа 15 поени предност на средината од втората четвртина, но ниту тоа не беше доволно.
„Дрим-тимот“ го казни малото опуштање на противникот, намали на -3 до крајот на полувремето, а потоа во третата четвртина ја „сомеле“ Аргентина со 32-10 и ги реши сите дилеми околу победникот. Завршните десет минути беа изедначени за конечни 97-78.
Кевин Дурант со 23 поени беше најефикасен во редовите на САД, Девин Букер со 20 поени беше од голема помош. Во редовите на Австралија, Пати Милс се истакна најмногу со 15 поени.
САД во финалето го чекаат победникот од пресметката помеѓу Словенија и Франција, натпревар кој се игра од 13 часот денеска.






