недела, 26 април 2026

Македонските кошаркари загубија од Швајцарија на стартот од претквалификациите за СП

Објавено на

часот

Сподели

Отсуството на дел од носитлите на играта на Македонија силно се почувствува на денешниот меч против Швајцарија. Момците на Драган Бајиќ изгледаа немоќно.
 
Швајцарците тргнаа фуриозно, поведоа со 9-2 на стартот од мечот, но успеавме да се вратиме, направивме серија од 8-0 за 10-9, но нашето водство не траеше многу, гостите со 22-17 го добија првиот период.
 
Во втората четвртина не успеавме да постигнеме ни двоцифрен број на поени, ја загубивме со 13-8 и на полувремето Швајцарија имаше предност од 35-25.
 
До крајот на мечот Швајцарците постојано го контролираа резултатот и на крајот заслужено дојдоа до триумф од 67-62.
 
Најрасположен во нашиот состав беше Адем Мекиќ кој постигна 16 поени, Џејкоб Вајли реализираше 15, Крстевски 13, а двоцифрен беше и Магдевски со 10. Во тимот на Швајцарија, Казади постигна 19, Ковач 11.
 
Следнниот меч на Македонија е во сабота протиив селекцијата на Словачка.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ