На денешната ждрепка Македонија се падна во групата Г заедно со селекциите на Грузија, Шпанија и Украина.
Пласман во втората квалификациска фаза обезбедуваат трите најдобри селекции во групата, што значи дека треба да бидеме подобри од Грузија или Украина со оглед на тоа дека Шпанија е апсолутен фаворит.

Од сегашните осум групи во втората фаза ќе се формираат четири групи од по шест репрезентации. Бодовите ќе се пренесуваат, па секој натпревар ќе биде важен.
Првата „етапа“ од квалификациите за Светскиот Куп 2023, ќе се игра во три „прозорци“.
И тоа од 21. до 30. ноември 2021, од 21. февруари до 1. март 2022 и од 27 јуни до 5 јули 2022 година.
КВАЛИФИКАЦИСКИ ГРУПИ
ГРУПА А: Србија, Летонија, Белгија, Словачка;
ГРУПА Б: Грција, Турција, Велика Британија, Белорусија
ГРУПА Ц: Словенија, Хрватска, Финска, Шведска;
ГРУПА Д: Германија, Полска, Израел, Естонија;
ГРУПА Е: Франција, Црна Гора, Унгарија, Португалија;
ГРУПА Ф: Литванија, Чешка, БиХ, Бугарија;
ГРУПА Г: Шпанија, Украина, Грузија, МАКЕДОНИЈА;
ГРУПА Х: Италија, Русија, Холандија, Исланд;






