Гечевски е еден од кошаркарите кои имаа најдолг стаж во македонската репрезентација и добро знае што знач да се носи националниот дрес.
„Како играч кој секогаш се повикувал за репрезентацијата и кога таа била на најниски гранки и во секакви услови, мене не ми е сфатливо како можат да не сакаат да играат за својата држава, за Македонија, да не им е гордост да го облечат дресот, да застанат мирно на химната, пред целата македонска јавност“, вели Гечевски.
„Би сакал да се потсетам на 2011 година кога целиот народ се обедини и заедно го славеше историскиот успех. Како немаат желба повторно да го направат истото, да го направат среќен целиот народ. Тоа го направивме ние, па ракометарите, па сега фудбалерите. Не ми е јасно како немаат желба да видат среќни два милиона луѓе во земјава…“.
„Баш сега бевме сведоци на фудбалерите, колку го направија народот среќен. Фудбалот е фудбал, но и кошаркарите ако имаат успех, па дури и во младинските категории, соте ќе бидат пресреќни“.






