Денис Шредер веројатно ја донесе една од најошите одлуки во историјата. Германецот неодамна доби понуда од ЛА Лејкерс да остане во „градот на ангелите“ и за нова четиригодишна соработка да добие 84 милиони долари.
Германецот сепак реши да го одбие овој предлог, сметаше дека може да добие многу повеќе по крајот на сезоната.
Сепак, не одеше се според планот, интересот за неговите услуги беше мал, па наместо да заработува 21 милион долари по сезона, Денис Шредер денес потпиша со Бостон за 5,9 милиони долари.






