сабота, 25 април 2026

Американските кошаркари се олимписки шампиони, победа над Франција за златниот медал (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

САД ја бранеше титулата од Олимписките игри во Рио и успеа да ја одбрани, американските кошаркари денеска беа подобри од Франација.
 
Французите добро тргнаа во мечот, имаа водство од 12:6, но тоа беше се што сторија, потоа почна доминацијата на Американците кои во продолжението постојано водеа, највисоката предност беше 14 поен разлика.
 
Франција неколку пати се доближи на минус три поени, но не успеа да го сврти мечот. На крајот САД славеше со 87:82.
 
Кевин Дурент со 29 поени беше најефикасен кај САД, Тејтум постигна 19, во составот на Франција, Фурние и Гобер реализираа по 16.
 
За бронзата од 13 часаот ќе се борат Словенија и Австралија.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=rBrJimgTy8w autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ