Италијанецот по пресврт го елиминираше Феликс Оже Алијасим со 3-1 во сетови (4-6, 6-4, 6-4, 6-4).Канаѓанецот подобро го отвори мечот и го доби првиот сет, но потоа Коболи целосно ја презеде контролата. Италијанецот заигра сигурно во продолжението и со три последователни освоени сета стигна до најголемиот успех во својата кариера.
По повеќе од три часа борба на париската земјена подлога, Коболи за првпат се најде меѓу четворицата најдобри на еден Грен слем турнир, а воедно си обезбеди и прв пласман во Топ 10 на АТП листата, освен ако Јакуб Меншик не стигне до титулата во Париз.
Во полуфиналето ќе го чека победникот од италијанската пресметка меѓу Матео Беретини и Матео Арналди, што значи дека Италија сигурно ќе има двајца претставници во завршницата. Интересно е што пред почетокот на турнирот малкумина очекуваа еден од италијанските полуфиналисти да не биде Јаник Синер, но токму Коболи се погрижи за најголемото изненадување меѓу тенисерите од „азурите“.






