недела, 7 јуни 2026

Кими Антонели продолжи да доминира во Формула 1, победи и во Монако

Андреа Кими Антонели ја продолжи доминацијата во Формула 1 и стигна до петта победа во низа, триумфирајќи на престижната трка во Монако.

Објавено на

часот

Сподели

Младиот Италијанец имаше совршен викенд, беше најбрз во квалификациите, водеше од стартот до целта и заслужено стигна до нов триумф.

Трката понуди многу возбудувања, а уште на стартот отпадна Макс Верстапен поради проблем со болидот. Ферари остана без двоен подиум откако Шарл Леклер заврши во заштитниот ѕид „разнишан“ по лоша тимска одлука.

Втор заврши Луис Хамилтон, а трет Исак Хаџар. Во топ 10 беа уште Пјастри, Лосон, Линдблад, Гасли, Албон, Окон и Перез, кој му го донесе првиот бод на Кадилак во Формула 1.

Следната трка се вози наредниот викенд во Каталонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ