Иако Арсенал и понатаму би бил лидер, предноста пред Манчестер Сити би била само еден бод наместо сегашните пет. Со оглед на тоа што тимот на Пеп Гвардиола има и натпревар помалку, „граѓаните“ со евентуална победа би излегле на врвот на табелата.
Најголем скок би направил Брајтон, кој без ВАР би се искачил до четвртото место и би бил во зоната за Лигата на шампионите. Од друга страна, Ливерпул би бил меѓу најголемите губитници и би паднал од четвртата на седмата позиција.
Анализата покажува и дека Челси е тимот кој најмногу профитирал од ВАР одлуките оваа сезона, со дури девет ситуации променети во нивна корист. Интересно е и на дното на табелата, каде Тотнем без ВАР би бил сигурен на 15 место, додека Кристал Палас и Нотингем Форест би се нашле во опасната зона. Според анализата, единствено Вест Хем, Барнли и Вулверхемптон не би успеале да избегаат од битката за опстанок без разлика на ВАР одлуките.







