четврток, 28 мај 2026

Историја: Фудбалер освои два европски трофеи во иста сезона

Еван Гесан испиша историја во европскиот фудбал и стана првиот играч кој во иста сезона освои два различни европски трофеи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска сезонава ја започна во Астон Вила, а ја заврши во Кристал Палас, па на крајот се закити и со трофејот во Лигата на Европа и со оној во Конференциската лига.

Астон Вила славеше со 3-0 против Фрајбург во финалето од Лигата на Европа кое се играше во Истанбул, додека само неколку дена подоцна Кристал Палас го совлада Рајо Ваљекано со 1-0 во финалето од Конференциската лига во Лајпциг.

Гесан во првиот дел од сезоната беше важен дел од тимот од Бирмингем. Настапи на седум натпревари во европското натпреварување и постигна два гола, давајќи значаен придонес во походот кон трофејот.

Во јануарскиот преоден рок се пресели во Кристал Палас, каде брзо се наметна како важен адут во европските настапи на лондонскиот клуб. За „орлите“ одигра пет натпревари во Конференциската лига и постигна еден погодок. Така, благодарение на правилата на УЕФА, Гесан успеа да освои два европски трофеи во една сезона и да постави достигнување кое досега не му успеало на ниту еден фудбалер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ