недела, 3 мај 2026

Жота со епско промашување, Ориги испадна херој во 94. минута (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Ливерпул си замина со три бода од незгодното гостување на „Молињу“, избранциите на Јирген Клоп ја однесоа победата во 94. минута.

„Црвените“ беа подобар противник, Вулверхемптон добро одолеваше, а и единствениот кикс на домаќините не беше наплатен откако Жота имаше епско промашување и од пет метри, го погоди играчот кој се обидуваше да блокира на гол линијата.

„Волците“ сепак не издржаа до крај, Ориги погоди во 94. минута за радост на гостите. Фудбалерот од Белгија на пет метри прими топка, си креираше простор за шут и ја затресе мрежата за 0-1.

Њукасл конечно ја забележа прата победа оваа сезона, во дербито на дното, го совлада Барнли со 1-0. На последниот денешен натпревар од 16 часот, Брајтон во 98. минута се избори за бод на гостувањето кај Саутемптон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ