Откако Манчестер јунајтед го договори трансферот на Санчо, сега целта е да се донесе Рафаел Варан.
Иако има уште една година од договорот, Реал Мадрид својот фудбалер го цени на 50 милиони евра.
Според „Сан“ тие сакаат во трансферот да биде вклучен и Ван де Бек кој не се изнаигра минатата сезона иако беше донесен како големо засилување.
Реал Мадрид го сакаат Ван де Бек прво на позајмица за која би платиле 2 милиони евра плус во целост му ја давале платата на Холанѓанецот.
Позајмицата би била со опција за комплетен откуп по крајот на сезоната, тогаш Реал Мадрид очекува да биде во поповолна финансиска позиција и да го купи Ван де Бек со кој се поврзуваше и прет тој да направи трансфер на Олд Трафорд.






