недела, 26 април 2026

Враќањето на Вујо почна неславно, Пелистер го растури Вардар во Суперкупот

Објавено на

часот

Сподели

Еурофарм Пелистер не само што го победи Вардар, туку буквално и го понижи откако го совлада со дури девет голови разлика.
 
Веселин Вујовиќ за првпат го водеше Вардар на официјален натпревар откако се врати во скопскиот клуб, и ако се суди според овој меч ќе има полни раце работа за да го врати на победничките патеки.
 
Првото полувреме беше израмнето, беше 14-14 кога Пелистер во вториот дел направи серија од 5-1 и почна да се одлепува.
 
 Веселин Вујовиќ се обидуваше да менува во поставата, да игра и 7 на 6, меѓутоа ништо не донесе резултат, напротив, предноста на Еурофарм Пелистер растеше до максимални 10 разлика пред крајот. 
 
Со честите грешки се дразнеа и нервите, па на пет минути до крајот дојде и до мал дуел меѓу Стојанче Стоилов и Немања Обрадовиќ, по што и двајцата добија директни црвени картони.
 
Голманот Скели со 12 одбрани се истакна на голот на Пелистер, тој постигна и иеден погодок. Најдобар стрелец за Битолчани беше Мандалиниќ со шест голови, за Вардар, Дибиров постигна седум, Талески пет.
 
Во четири изданија на Суперкупот, ова е прво да го освои некој друг освен Вардар, а за Е. Пелистер ова е прв пехар по двојната круна во 2005 година.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ