сабота, 2 мај 2026

Во меч со шест погодоци, Атлетико во судиското продолжение прокоцка два гола предност против Валенсија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Првиот дел заврши со водство на Атлетико Мадрид од 1-0 со гол кој го даде Луис Суарез, но вистинските возбудувања стигнаа во второто полувреме.
 
По пет минути игра во вториот дел со автогол на Савиќ, Валенсија израмни на 1-1, но кратко траеше тој резултат.
 
Во 58. минута Гризман го врати водството на Атлетико Мадрид, а четири минути подоцна Врсаљко зголеми на 3-1.
 
И кога се чинеше дека Атлетико Мадрид ќе освои сигурни три бода, се случи шок на Местаља. 
 
Дуро кој влезе во 85. минута, најпрво во 92. минута намали на 3-2, а во 96. постигна уште еден гол и израмани на 3-3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ