Рома стигна до триумф над Торино и покрај тоа што имаше само 32% посед на топката. Гостите беа подобар противник на стартот од натпреварот, но „волчицата“ од својата прва посериозна шанса го отвори резултатот.
Мхитарјан одлично го проигра Абрахам, а напаѓачот прецизно пласираше и ја смести топката во мрежата за 1-0.
Неколку минути подоцна, Ел Шарави беше соборен во шеснаесетникот и досуден пенал, но ВАР на момент откажа, па се чекаше пет минути за да се утврди дека Абрахам на зачетокот од акцијата бил во милиметарски офсајд и одлуката на теренот да се поништи.
Торино во продолжението од мечот се обиде да стигне до изедначување, гостите имаа иницијатива, но Рома умешно се бранеше и стигна до трите бода.






