сабота, 25 април 2026

Ван Гал ја прекина пензијата, ќе ја предводи Холандија по трет пат

Објавено на

часот

Сподели

Пет години по отказот од Манчестер јунајтед, Луј ван Гал му се враќа на фудбалот. Искусниот стратег денеска беше именуван за наследник на Франк де Бур на кормилото на Холандија.

„Холандскиот фудбал отсекогаш ми бил при срце и ова е чест за мене. Имаме малку време за следните натпревари од квалификациите кои се особено клучни за настап на Светското првенство. Па целиот фокус веднаш ќе биде насочен кон играчите и пристапот“ – рече Холанѓанецот, кој во недела ќе наполни 70 години.

За Луј ван Гал ова ќе биде трета среќа, тој во септември 2000 година за прв пат стана селектор на „лалињата“ но една година подоцна си поднесе оставка откако не успеа да обезбеди настап на СП 2002. Во август 2012, стратегот имаше втора авантура на клупата на Холандија и ги предводеше до трето место на мундијалот во Бразил во 2014.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ