УЕФА ги објави номинациите за играчи по позиции во Лигата на шампионите, очекувано најмногу има од финалистите.
Најдобар голман: Едуард Менди (Челси), Едерсон (Манчестер Сити), Тибо Куртоа (Реал Мадрид)
Најдобар дефанзивец: Цезар Аспиликуета (Челси), Антонио Ридигер (Челси), Рубен Диаш (Манчестер Сити)
Најдобар играч од средниот ред: Канте (Челси), Жоржињо (Челси), Де Брујне (Манчестер Сити)
Најдобар напаѓач: Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Килијан Мбапе (ПСЖ), Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд)
Добитниците на наградите ќе бидат познати за време на ждрепката од ЛШ која на 26 август ќе се одржи во Истанбул.






