недела, 26 април 2026

Тухел објасни зошто Кепа ги бранеше пеналите

Објавено на

часот

Сподели

Кепа одбрани два пенали на фудбалерите на Виљареал и стана херој во освојувањето на Челси на европскиот Суперкуп.

Тухел вели дека одлуката да го стави Кепа не е случајна, се базира на статистика.

„Не беше спонтано. Ние разговаравме за тоа со голманите по првиот куп натпревар против Барнсли минатата сезона. Имавме некоја статистика. Бевме добро подготвени“, вели Тухел.

„Кепа има најдобар процент на одбранети пенали, момците кои ја прават анализата и тренерите на голманите ми ги покажаа податоците. Зборувавме со фудбалерите и одлучивме кога ќе бидеме во ваква ситуација да го ставиме Кепа. Беше фантастично како Менди го прифати тоа“.

„Има доказ дека Кепа е подобар во бранење пенали. Тие се тимски играчи, Менди не покажа гордост да не сака да излезе од теренот. Тој беше среќен да го направи тоа за тимот“.

И самиот Едуард Менди вели дека е среќен поради победата.

„Среќен сум бидејќи победивме. Знаев уште минатата година дека во ваква ситуација Кепа влегува на теренот и може да му помогне на тимот. Ова е тимски напор. Играме за Челси и за успех. Го правиме тоа заедно“, вели Мендии.

Кепа вели дека психолошки и физички бил подготвен за пенали.

„Ова не е типична ситуација но дојдовме до пеналите по фантастичната работа на Менди. На крај победивме и среќни сме. Јас бев подготвен, знаев дека ова може да се случи. Се обидов да бидам психолошки и физички подготвен“, вели Кепа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ