Езгјан Алиоски од денеска е слободен фудбалер, неговиот договор со Лидс заврши на 30. јуни и тој сега треба да одлучи за следниот чекор.
Македонецот на маса има предлог од Лидс да продолжи во Премиерлигата, но има и голем интерес, клубови како Галатасарај, Фенербахче, Трабзнспор, ЦСКА Москва и Селтик се распрашуваат за левиот офанзивен бек.
Последните информации велат дека Трабзонспор подготвил понуда и наскоро ќе достави конкретен предлог до Езгјан Алиоски. Се работи за плата од 1,2 милиони евра по сезона, плус бонус од 500.000 евра за потпис на договорот.






