Како резултат на добрите пријателски односи на Општина Кратово со Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија, денеска во просториите на Амбасадата во Скопје, заедно со нејзината екселенција, амбасадорката Џианг Сјаојан, беше потпишан Меморандум за соработка.
Со овој меморандум, Амбасадата на Народна Република Кина донира финансиски средства во износ од 630.000 денари, наменети за изградба на кошаркарско игралиште, информираат од Општина Кратово.
Посочија дека средствата ќе бидат искористени за изградба на кошаркарско игралиште на месноста Мусала и истото ќе може да го користат сите жители како ново спортско-рекреативно катче.






