На синоќешниот дуел со Џенова, Симон Кјаер по само четири минути игра беше изнесен на носилки, Данецот го повреди левото колено.
Денешните тестови ги потврдија стравувањата, МРИ снимката покажала дека Симон Кјаер ги оштетил лигаментите и ќе мора да биде опериран.
Интервенцијата ќе биде извршена утре во Милано, по што ќе се има појасна слика за времето потребно за рехабилитација, но повредата е сериозна и „росонерите“ подолго време нема да можат да сметаат на столбот во одбраната.






