сабота, 2 мај 2026

Србија оди на Светско, Португалија е можен противник на Македонија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На Португалија ѝ одговараше реми, а Србите мораше да победат за да одат на Светско, тоа и се случи.
 
Португалија одлично го отвори мечот, уште во втората минута поведоа со гол на Санчез.
 
Србија изедначи во 33. минута со погодок на Тадиќ.
 
И кога се очекуваше мечот да заврши нерешено, Александар Митровиќ погоди со глава за победа на Србија од 2-1.
 
Србија оди на Светското првенство, а Португалија ќе игра бараж, тие ќе бидат една од шестте селекции кои може да ги добие Македонија.

Во вториот директен дуел вечерва Шпанија ја победи Шведска со 1-0 со гол на Мората во 86. минута.
 
Шпанците одат на Светско првенство, а Шведска ќе биде еден од потенцијалните противници на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ