понеделник, 25 мај 2026

Солшер не може против најдобрите, Манчестер Сити лесно го освои Олд Трафорд (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Оле Гунар Солшер не може против најдобрите, по поразот од Ливерпул, попладнево Манчестер јунајтед загуби и во дуелот со лутиот градски ривал Манчестер Сити.

„Граѓаните“ лесно го освоија Олд Трафорд и триумфираа со 0-2. Баји во 7. минута си ја затресе сопствената мрежа, Де Хеа потоа ги држеше „ѓаволите„ во игра со неколку добри интервенции, но во финишот на првиот дел, и тој направи голем пропуст и дозволи да биде совладан од речиси невозможна позиција.

Во продолжението од натпреварот, гостите рутински одработуваа а Манчестер јунајтед не можеше никако да се закани. Домаќините мечот го завршија со само еден удар во противничкиот гол и двојно помалку посед на топката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ