Бразил ќе има прилика да го одбрани златото кое го освои пред пет години на домашен терен, „кариоките“ денеска во првото полуфинале беа подобри од Мексико.
Откако мрежите мируваа 120 минути, пенал серијата го одлучи победникот, а таму, Агире и Васгез промашија, фудбалерите на Бразил беа прецизни и си обезбедија ново финале.
Предизвикувач ќе им биде репрезентацијата на Шпанија, „фуријата“ во второто полуфинале беше поуспешна од Јапонија.
И на овој натпревар немаше погодок во регуларниот дел, но не дојде до пенали откако Асенсио погоди во 115. минута.






