среда, 29 април 2026

Шериф не можеше до ново чудо, Интер ја забележа првата победа (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Шериф не можеше до ново чудо, по триумфот над Шахтар и Реал Мадрид, клубот од Молдавија вечерва загуби на „Џузепе Меаца“. На Интер очајно му требаа три бода и избраниците на Инѕаги ја остварија целта.

Откако пропуштија неколку добри шанси, Џеко го отвори резултатот во 34. минута. По еден корнер, Видал ја префрли топката на втората статива каде Босанецот закачи волеј за 1-0.

Гостите сепак покажаа дека не треба да бидат потценети, на стартот од вториот дел, Тил постигна голчиште од слободен удар за 1-1.

Но Интер брзо се врати во предност, Џеко ја врати услугата и му асистираше на Видал за 2-1. Десет минути подоцна, Де Врај ги постави конечните 3-1 и ја осигура победата.

На вториот натпревар од групата, Реал Мадрид со 0-5 славеше против Динамо Киев. Кривцов во 37. минута си постигна автогол, а потоа во продолжението од мечот, Винисиус Жуниор за пет минути постигна два гола. Родриго зголеми на 0-4, а финалниот резултат беше дело на Бензема во последните мигови од мечот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ